77 рудари се заробени во рудник за јаглен во областа Доњецк во источна Украина поради континуирано бомбардирање, јавува руската новинска агенција РИА.

Рударите останале заробени под земја по прекинот на електричната енергија во рудникот Засјадко.

Како резултат на гранатирањето (на украинските сили) беше исклучена струјата во рудникот Засјадко во Доњецк, 77 рудари останаа под земја, соопшти РИА.

Во меѓувреме, Британското Министерство за одбрана во денешното соопштение рече дека Русија најверојатно ги регрупирала трупите за да напредуваат јужно од источниот украински град Изиум во последните 48 часа.

Неговата цел била да навлезе подлабоко во регионот Доњецк и да го опкружи Северодонецк, соопштија од Британското Министерсвто за одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.