Корона вирусот е потврден кај вкупно 61 од вкупно 600 приведени патници на аеродромот Шипхол во Амстердам. Во петокот, веста за нов сој на корона одекна како бомба, а патници од Јужна Африка не се  дозволени во многу земји, поради страв дека е можно да се заразени со омикрон сојот,

Според холандски „Де Телеграф“, во моментов се утврдува дали се работи за новит сој, за кој научниците велат дека е дури 500 пати позаразен и дека има повеќе од 30 мутации токму на спајк протеинот.

Инаку, патниците од двата авиона кои вчера слетаа во Амстердам од Кејптаун и Јоханесбург прво биле задржани во авионот, а потоа на аеродромот каде целосно биле одвоени од останатите патници, јавуваат холандските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.