Главниот научен советник на британската влада Сер Патрик Валанс предлага 60 отсто од населението да се зарази со коронавирус, за потоа да се обидат да формираат таканаречен „имунитет на стадо“ и така да спречат инфекцијата да стане криза која одново ќе се враќа.

Според него, коронавирусот веројатно ќе стане сезонска болест, па стратегијата е да се намали влијанието на болеста на здравствениот систем на Обединетото кралство, а не вирусот да се сопре во целост.

Тоа што никако не сакаме е сите да се заразат во краток временски период, па медицинските служби да ни бидат пренатрупани, туку да го намалиме пикот на епидемијата. Вирусот не можете да го спречите, но можете да го продолжите временскиот период, во кој луѓето би формирале имунитет на оваа инфекција. Тоа само по себе станува дел од процесот на заштита, рекол Валанс

Валанс објаснил дека власта нека сака да разбие вирусот, туку да им помогне на луѓето да формираат имунитет, а во исто време да ги заштити оние кои се најранливи.

Ако нешто се обидете да разбиете многу, многу силно, кога ќе ги укинете тие мерки, тоа ќе се врати назад и тоа во погрешно време, вели Валанс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.