Четири милиони Израелци или 44 проценти од вкупната популација на Израел ја примиле првата доза вакцина против коронавирус, објави израелскиот ТВ Канал 12, повикувајќи се на податоци од Министерството за здравство.

Сега останува да се вакцинираат уште 1.996.000 Израелци кои можат да бидат имунизирани, но не добиле ниту една доза.

Околу 2,6 милиони од 9,3 милиони жители на Израел веќе ги примиле двете дози, а околу три милиони луѓе не можат да се вакцинираат. Тоа се лицата на возраст под 16 години и оние кои се излекувале од Ковид-19, но во моментов не се во приоритетната група или поради некоја друга причина.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за здравство Џули Еделштајн беа фотографирани во Ерусалим со еден млад човек кој е четиримилионитиот примател на вакцината.

Би сакал од тука да апелирам на 570.000 лица постари од 50 години кои допрва треба да се вакцинираат. Речиси сто проценти од смртните случаи и сериозните случаи се концентрирани во таа група, рече Нетанјаху.

Тој додаде дека несаканите ефекти од имунизацијата се неколку часовни непријатности и дека оние кои, меѓу другото, одбиваат да се вакцинираат поради тоа, ризикуваат да починат и сериозно да се заразат.

Масовната кампања за вакцинација во Израел започна на 19 декември и земјата е прва во светот според бројот на вакцинирани во однос на бројот на жители.

За неколку дена Израел ќе започне да ги ублажува строгите ограничувања наметнати поради пандемијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.