Во авионската несреќа што синоќа се случи на московскиот аеродром Шереметјево, кога се запали авион загинаа 41 човек.

Во авионот на лет од Москва кон Мурманск имаше 78 патници и членови на екипажот. Според најновите податоци достапни на истрагата, 37 од нив преживаја, изјави портпаролката на Истражниот комитет Светлана Петмеко.

Бројот на жртвите го потврди и портпаролката на московското истражно одделение за меѓународен транспорт, наведувајќи дека загинале 41 лице.

Меѓу 37 преживеани, четворица се членови на екипажот. Петмина од преживеаните се хоспитализирани.

Се уште се испитува причината за несреќата.

Во авионот Сухој Суперџет-100, произведен минатата година, се наоѓале 73 патници и шест членови на екипажот. Компанијата „Аерофлот“ потврдила дека моторите на авионот на летот СУ1492 од Москва до Мурмански се запалиле при принудното слетување на московскиот аеродром.

Радарот за следење летови Флајтрадар 24 покажал дека авионот направил два круга околу Москва и слетал по 45 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.