Најмалку 31 мигрант загинаа откако нивниот чамец се превртел во Ла Манш при обидот да преминат од Франција во Британија, додека две лица преживеале, а уште едно се води како исчезнато.

Француски поморски спасувач Чарлс Девос рече дека неговиот екипаж извлекол шест тела од водата, вклучително и една бремена жена.

Заедничката француско-британска операција за потрага по преживеани беше прекината доцна синоќа.

Двете земји соработуваат за да ја запрат миграцијата преку каналот, но исто така се обвинуваат меѓусебно дека не прават доволно – и ова прашање често се користи од политичарите од двете страни кои ја туркаат антимиграциската агенда.

Четворица осомничени трговци со луѓе се уапсени под сомнение дека се поврзани со потонатиот брод, изјави францускиот министер за внатрешни работи.

Тој рече дека двајца од осомничените подоцна се појавиле на суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.