Економскиот и социјалниот јаз помеѓу некогашните Западна и Источна Германија исчезнува, објави вчера германскиот Институт за економски истражувања.

На 30-годишнината од паѓањето на Берлинскиот ѕид, која во Германија ќе биде одбележана задутре, Институтот објави извештај, во кој, покрај другото, се наведува дека стапката на невработеност на подрачјето на Источна Германија во 2005 година изнесувала 20,6 отсто и била двојно повисока во однос на Западна Германија. Во 2018, пак, стапката во западниот дел била пет, а во источниот помеѓу седум и осум отсто.

Слични се податоците и за продуктивноста, а посериозните разлики што се’ уште се забележувале произлегувале од помалата големината на компаниите и од помалкуте седишта на големи компании на истокот на земјата, заклучуваат авторите на истражувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.