Позаразниот вид на коронавирус, кој е првпат откриен во Велика Британија, сега сочинува 20 отсто од инфекциите во поширокиот регион на Париз, изјави денеска шефот на медицинскиот одбор на болничките групи АП-ХП во Париз, Реми Саломо.

Имаме иницијални резултати во регионот на Париз и тие не се добри. Бевме на шест до седум проценти на 7 јануари, а минатата недела стигнавме до 15-20 отсто, истакна Саломо.

Тој нагласи дека е потребно воведување на построги мерки со цел да се спречи пандемијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.