Полицијата во Канада уапси маж на 20 години, откако телото на мајка му било пронајдено распарчено во пластична ќеса за ѓубре.

Според „Индипендент“, вреќата за ѓубре со телото на покојната Тиен Ли (46) била ставена во количка за пазарење на улица.

Полицијата во Торонто соопштила дека имало очигледни знаци на траума на распарченото тело. Покрај тоа, полицијата побарала од сведоците да се јават затоа што веруваат дека некој го видел лицето како ја турка количката полна со црни кеси за ѓубре по 10 часот наутро на 28 март.

Сликите на починатата биле објавени во јавноста, а таа била препознаена по нејзините впечатливи нокти. Полицијата веднаш почнала да го бара нејзиниот син Далас Ли и првично била загрижена за неговата безбедност. Но, набрзо полицијата го уапсила и го обвинила за убиство од втор степен.

Торонто Стар наведува дека младиот човек накратко се појавил на суд во неделата наутро, каде му бил одреден притвор. Судењето ќе продолжи оваа недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.