Вооружениот напаѓач кој вчера смртно застрела осум, а рани над 60 лица во зградата на „Федекс“ во Индијанаполис, е поранешен работник во компанијата, со историја на психички болести, а минатата година бил и притворен, соопшти ФБИ која го сподели идентитетот на напаѓачот. Станува збор за 19-годишниот Брендон Скот Хол, кој работел во „Федекс“ во текот на оваа есен.

Засега не се познати мотивите за масакрот. Очевидците изјавиле дека станувало збор за хаотичен напад, кој започнал од паркингот. Тој продолжил неконтролирано да пука влегувајќи во зградата, за на крај да си пресуди и самиот.

Инцидентот е последен во низата од седум крвави напади во САД во последните месец дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.