Израелската полиција застрела палестински тинејџер осомничен за напад со нож во Ерусалим, а палестинските власти соопштија дека ранетиот е во критична состојба.

Според полицијата, Палестинецот тешко ранил Израелец, а потоа побегнал во населба во источен Ерусалим.

Полицајците го идентификувале и пукале во него кога се свртел кон еден од нив држејќи, како што се наведува, некој „предмет“ во рацете, но не е соопштено како е утврдено дека се работи за напаѓачот, што всушност држел и колку далеку бил од полицаецот.

Oфицијалната палестинска новинска агенција Вафа јави дека осомничениот напаѓач имал 16 години.

Ова е последниот инцидент во бранот насилства во Источен Ерусалим и окупираниот Западен Брег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.