Официјални лица во Индија ги испитуваат причините за неидентификуваната болест што предизвика повеќе од 140 лица да се хоспитализирани за време на викендот.

Пациентите, од Елуру до Андра Прадеш, имале широк спектар на симптоми: од гадење до напади и несвестица, велат лекарите за Би-Би-Си, кажувајќи дека многу од хоспитализираните заздравеле и брзо биле отпуштени.

Локалните медиуми велат дека пациентите биле подложени на тестови за коронавирусо и сите биле негативни.

Медицински службеник во државната болница Елуру за весникот „Индијан Експрес“ изјави дека „луѓето кои се разболеа, особено децата, одеднаш почнаа да повраќаат откако претходно се пожалиле на печење на очите. Некои од нив се онесвестиле или претрпеле напади“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.