При проверката и дополнителната анализа на 19 позитивни случаи на ковид-19 кај посетители кои на Кипар стигнале од Велика Британија, кај 12 е потврден новиот мутиран вид на вирусот, јави МИА од Атина.

Од Министерството за здравство на Кипар соопштуваат дека по упатствата и насоките од Европскиот центар за превенција и контрола на заразни болести, биле анализирани потврдените примероци во периодот од 6 до 20 декември 2020 година и од вкупно 19 позитивни случаи од Велика Британија, кај 12 е потврден новиот вид VOC 202012/01.

Новиот вид коронавирус, кој е откриен во Велика Британија, се карактеризира со голема моќ на пренесување и предизвика значителна паника низ целиот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.