Дванаесетгодишната Кејтлин Јозвијак од американската држава Џорцоија починала од срцев удар, предизвикан најверојатно од вошки. Поритв нејзините родители е поднесена кривична пријава, а обвинителството размислува и за можноста да им се суди за убиство, со оглед на тоа што запоставувањето на девојчето довело до нејзина смрт.

Истрагата покажала дека девојчето имало проблем со вошки повеќе од три години, а родителите не направиле ништо за да спречат инфекција, што довело до анемија, која резултирала со престанок на работата на срцето. Девојчето починало во агонија на крајот на август годинава.

Според информациите на „Мирор“, Кејтлин растела во куќа полна со мачки, а со самото тоа и болви, вошки и измет.

Во Центарот за социјални работи веќе биле запознаени со случајот на Кејтлин, бидејќи мајка ѝ сакала да ја даде на посвојување, но по раѓањето со сопругот одлучиле да ја задржат. Социјални работници неколку пати го имале посетено домот на Јозвијак, а во 2018 година Кејтлин привремено била дадена на чување на нејзината тетка поради лошите услови за живот, но таа по недела дена ѝ ја вратила на родителите. Од тогаш никој од Центарот не ја посетил, а во извештајот по нејзината смрт социјалната работничка опишува дека „никогаш во животот не видела такво нешто“.

Мајката и таткото, Кејт и Џои, при исказот изјавиле дека девојчето не сакала да се капи десетина дена пред смртта.

Телото на девојчето било пронајдено на душек со бубачки. Комшиите изјавиле дека не го имале видено девојчето два месеци.

Сè уште не се знае дали некој од институциите, исто така, ќе сноси одговорност за трагедијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.