Британскиот парламент го поддржа планот на премиерот Борис Џонсон, на 12 декември да се одржат предвремени парламентарни избори.

Пратениците од Долниот дом на британскиот парламент синоќа со 438 гласови „за“, 20 „против“ го усвоија предлогот на Џонсон.

Следно е одлуката да биде потврдена и во Домот на лордовите, каде најверојатно ќе биде прифатена.

Британците ќе имаат можност да бираат помеѓу актуелниот премиер, Џонсон, кој настојува Брегзит да се спроведе согласно неговиот договор со ЕУ и лидерот на лабуристите, Џереми Корбин, кој сака повторни преговори пред одржување на нов референдум за излез на Британија од Унијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.