За убиството на мажјак од редок вид планински горила, Уганданец е осуден на 11 години затвор. Според „Би-Би-Си“, Феликс Бјамукама се изјаснил виновен за неовластено влегување во заштитено подрачје на национален парк и за убивање на горилата по име Рафики.

Бјамукама влегол во националниот парк со уште три лица заради лов на други, помали животни. Сепак, тој тврди дека го убил горилата во самоодбрана.

По изрекувањето на казната, од телото одговорно за заштита на дивиот свет на Уганда, сметаат дека „правдата за Рафики е задоволена“, како што се истакнува во соопштението.

Горилата, кој бил своевидна туристичка атракција, исчезнал на 1 јуни, а телото му било пронајдено следниот ден. Животното е убиено со остар предмет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.