Според веб-страницата „Worldometers“, од почетокот на пандемијата на коронавирусот во светот се потврдени 107.007.830 случаи на инфекција, а во моментов се активни вкупно 25.656.799 случаи.

Коронавирусот го совладале 78.867.744 лица, а како резултат на инфекција досега умреле вкупно 2.336.339 лица.

Речиси половината од сите заразени лица во светот доаѓаат од пет големи држави: САД имаат најмногу потврдени случаи, над 27,7 милиони, Индија над 10,8 милиони, Бразил  повеќе од 9,5 милиони и Русија и Велика Британија, кои имаат над 3,9 милиони потврдени случаи на коронавирус

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.