Во Јапонија пронајдени се десет од вкупно 26 лица кои исчезнаа вчера откако туристичкиот брод КАЗУ 1 испрати сигнали за потонување.

Лицата се пронајдени во близина на брегот на северниот остров Хокаидо област каде се случи и исчезнувањето на бројот, а повикувајќи се на потврда од јапонската крајбрежна стража ТВ каналот НХК објави дека десетте лица кои беа пронајдени се мртви.

Според информациите кои се објавени, три од пронајдените тела се жени, а седуммина мажи. Претходно беше соопштено дека пронајдените се во бессознание. КАЗУ 1 во саботата попладне испратил сигнал дека почнува да тоне, по што била прекината комуникацијата со бродот.

На бродот имало 24 туристи, меѓу кои и две деца, како и двајца членови на екипажот – капетанот и неговиот помошник.

Во потрагата по останатите 16 лица се вклучени и крајбрежната стража и војската,а како што пишуваат медиумите, шансите некој да преживеал се мали со оглед на студените води со дневни температури од 2-3 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.