Актерката Ријалда Кадриќ Шебек, позната по улогата на Марија од „Династијата на
Жика“, почина ненадејно на 25 јануари, на 57-годишна возраст, во Атина, а како што
сега јавуваат медиумите, таа починала на сред улица од срцев удар.

Како што дознава  „Новости“, Ријалда Кадриќ починала, исто како и нејзината мајка во 1991
година – на улица.

На 16 јануари 1991 година, мајка ми почина ненадејно на сред улица во Белград,
војната во Југославија се прошири, а јас решив да останам во Лондон и да започнам
нов живот – рече еднаш Ријалда во емисијата „Балканска улица“.

Како што најавија продуцентите продолжението на Жикина Династија сепак ќе се снима но ликот на Марија никоја актерка нема да го замени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.