Зборувајќи за реформите во полицијата, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, истакна дека ќе има санкции за полицајците кои ќе ги злоупотребат работните места.

Сечиј придонес е важен, очекуван, потребен и суштински. Продолжуваме со имплементација на стратегиите кои ги подтогвувме. Добрите резултати доаѓаат со работа на мотивирани полициски службеници. Ќе ги продолжиме реформите во сајбер безбедноста, ќе дадеме придонес во борба против корупцијата, илегалната миграција и трговијата со луѓе. МВР е најдобро рангирана за транспарентност. Ќе ги санкционираме полицајците кои ги злоупотребуваат овластувањата – истакнува Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.