Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура се движи од 6 до 17 степени Целзиусови, а дневната ќе достигне од 26 до 34 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб ветер.

Утринската температура достигне до 13, а дневната ќе се искачи до 32 степени Целзиусови.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и сончево време со посвежи утра и со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.