Во Косово во минатото деноноќие се регистрирани нови девет смртни случаи како последица на заразата од Ковид-19, а во истиот период има и 680 нови случаи кај кои е откриен коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Според последните официјални статистики, досега од појавата на епидемијата, во земјата вирусот е откриен кај вкупно 93.655 лица, од кои починале 1.915 заразени.

Последните 24 часа, согласно последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, како излекувани од болеста се евидентирани 465 лица кои претходно биле дијагностицирани со Ковид-19, со што бројката на оние кои ја совладале болеста достигна до 77.433.

Вчера се извршени 4.083, а од почетокот на пандемијата нешто повеќе од 443 илјади тестирања со методот РТ-ПЦР.

Активни носители на вирусот во моментов, вклучително денешните податоци, се 14.307 лица.

Од Министерството за здравство на Косово денеска најавија дека се разгледува можноста за нови мерки за спречување на ширењето на заразата, меѓу кои е затворањето на училиштата, угостителските објекти, трговските центри и фитнес центрите и вежбалните. На ова се спротивставија Здружението на угостители и Бордот на Асоцијацијата на општини, кои тврдат дека новото затворање ќе предизвика уште поголеми штети на економијата, која и онака трпи поради пандемијата.

Евентуалните нови мерки, како што најави косовскиот министер за здравство Арбен Витиа на денешната виртуелна средба со претставници на Министерството за локална самоуправа и на дел од општините, би стапиле на сила идниот вторник, на 6 април, и би траеле до 18 овој месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.