Во последните 24 ласа во Словенија од корона вирус заболеа уште 1.798 луѓе, а починаа 23, што е највисок број во еден ден досега.

Како што јави ТВ Словенија, Владата во текот на денот ќе ги претстави новите мерки за сузбивање на пандемијата. Тестирани биле 6.685 лица од кои 28,3 отсто биле позитививни на Ковид-19.

На болничко лекување се 703 пациенти, од кои 122 на интензивна нега.

Како шо најави портпаролот на Владата Јелко Кацин од следната недела градинките ќе работат ограничено, основните училишта ќе бидат на распуст, а активностите во средните училишта и високите образовни институции ќе учат онлајн.

Останува на сила забраната за движење ноќе, движење меѓу општини и собирање на повеќе од пет луѓе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.