Полициски службеници од Отсекот за потраги при единиците за внатрешни работи Кисела Вода и Чаир, во содејство со Единицата за интервентна полиција Скопје, вчера, на Љуботенски пат, атар на село Радишани, во непосредна близина на клучка Радишани, го лишиле од слобода А.Р.(63) од Скопје, кој бил во бегство од пред 17 години, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

За него била распишана Централна потерница за издржување на казна затвор од 12 години за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичниот законик. Тој е предаден во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна, велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.