Јелена Жугиќ советничка од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје денеска во емисијата „Студио“ на радиото Канал 77 истакна дека дебатата за менување имиња на улици е само еден де фокус на градоначалникот Петре Шилегов кој ќе предизвика фискални последици. Луѓе, фирми ќе треба да се пререгистрираат на новите адреси. Но, целта на Шилегов е да си го заврши мандатот со враќање на Мексичка, вели таа.

Мислам дека на крајот мандатот на Шилегов ќе се сведе на тоа да си ја врати Мексичка и тоа е тоа. А мексичка воопшто не е ни македонски збор, туку мексиканска, ако гледаме во однос на нашиот литературен јазик. Кога веќе менувате, имајте на ум дека во ова време во кое живееме кога ни е разнишан и ни се руши идентитетот по сите основи, воопшто нема да биде лошо ние да ги обележиме улиците со наши македонски еминентни дејци, научници, писатели, поети. Она што нас жителите на Скопје ни го пренесуваат е тоа да се даде акцент на македонските дејци. Ако Влатко Стефановски и „Леб и сол“ ја почнале својата кариера на Мексичка, мислам дека најдобро би било таа улица да се преименува во Леб и сол, посочи Жугиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.