На 1-ви септември, ЈУ Зоолошка градина Скопје, слави голем јубилеј- 93 години од постоењето на градината. Оттаму информираат дека со разни активности ќе се одбележи роденденот, како првото „Baby ZOO” катче каде што децата ќе учат нега и одгледување на мали животни и ќе се едуцираат околу нивното хранење во присуство на стручни лица од зоолошката. 

Со почеток од 17:00, ќе се забавуваме со Златно Славејче, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, а тука ќе бидат и Дизни Маскотите.
За најсреќните посетители подготвивме супер подароци- Електричен мотор, фамилијарно патување со Фибула и едногодишна стипендија по ментална аритметика во Малац Генијалац.
Секако, тука се и останатите наши пријатели кои за 1-ви септември подготвија изненадувања за сите посетители.
До роденденот, сите посетители имаат шанса да станат  потенцијалени добитници на некој од подароците. Се што треба да направат е при посета во зоолошка, на билетарата да побараат купон, да го пополнат и да го стават во кутијата која се наоѓа на влезот.  Извлекувањето ќе биде во живо, на 1-ви септември во склоп на големата роденденската забава, соопштуваат од Зоолошка градина-Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.