Една убава и среќна вест за сите вас- Зоолошка градина Скопје повторно ќе биде отворена од вторник (26.05)

Ве очекуваме на повторна дружба и прошетка, но овојпат поради ситуацијата, со нов протокол за движење и придржување кон мерките:

Носење маска при влез во Зоо Скопје

Чекаме ред на дистанца од 1,5 м уредно обележано.

Строго е забрането хранење и доближување до животните

Отпадоците да се фрлаат во корпите

Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта

Низ зоолошката градина, држете дистанца од другите посетители

Бројот на посетители ќе биде ограничен, за да во одреден момент не се создава поголема гужва низ градината.

Јавното здравје е пред се и затоа сите заедно да се придржуваме кон мерките, соопштија од Зоолошката градина-Скопје.

✅Една убава и среќна вест за сите вас- Зоолошка градина Скопје повторно ќе биде отворена од вторник (26.05)
Ве очекуваме…

Posted by Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје on Sunday, 24 May 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.