Зоолошка градина Скопје денес го прославува својот 93-ти роденден. По тој повод, ЗОО Скопје приредува голема роденденска забава за сите посетители, ќе се доделуваат подароци, а се отвора и првата „Baby Zoo“.

Се работи за мини зоолошка со мали и питоми животни, во склоп на ЗОО. Овде во „Baby Zoo“, во присуство на стручни лица, децата ќе имаат можност да се запознаат со малите животни и да научат се за нивната нега, одгледување и начин на исхрана.

Од мали, ги учиме да ги сакаат животните, да им пружат многу љубов, но и да ги заштитат од несовесните граѓани, велат од ЗОО Скопје.

Инаку, роденденската забава почнува во 17 часот, кога ќе настапуваат Златно Славејче, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, а тука ќе бидат и Дизни маскотите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.