Пристигнаа четирите шимпанза од Холандија, Коко е повторно дома. Со стручен тим од AAP Animal Advocasy and Protection- организација која спасува илјадници животни и каде што престојуваа Коко, Мими, Роси и Хјасл, денеска рано наутро, шимпанзата беа пренесени во новото живеалиште, информираа денеска од ЗОО Скопје.

Моментално се во карантинскиот дел, каде што треба да се адаптираат, заедно со своите чувари од Холандија. Шимпанзата ќе имаат огромно живеалиште со внатрешен и надворешен дел, збогатен со многу реквизити. За нив ќе се грижат четири ЗОО негуватели, а после одморот и адаптацијата, нашите вработени кои го испратија Коко пред 10 години ќе одат да се поздрават со стариот другар, додаваат оттаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.