Кандидатот за градоначалник на Бутел Дарко Костовски на сегашниот градоначалник Велимир Смилевски му порача дека е историја за Бутел, поради многубројните лаги и масовниот поткуп на претходните избори.

Циркузантот Вељо-невоља денеска е нешто нервозен, пробиена му е новата лага, порача Костовски, прашувајќи го Смилевски – зошто упорно продолжуваш да лажеш, каква амбуланта ќе градиш?

Нели вети поликлиника, знаеш ли да направиш разлика помеѓу поликлиника и амбуланта?

 

Одговори им на граѓаните:
1. Имаш ли проект за нова амбуланта ?
2. Покажи го планот за нова амбуланта ?
3. Одговори дали станува збор за монтажни контејнери исти како оние од втора светска војна?

 

Нема да одговриш, затоа јас ќе кажам ДА. станува збор за монтажни контејнери, СРАМОТА!, пишува Костовски.

Понатака, додава ток, ајде да те потсетам како стои математиката околу победите-поразите.

И јас и ти сме претседатели на општинските изборни штабови на ВМРО и СДС од 2016 навака:
-Точно е со масовен поткуп и врвни лаги победи на локалните избори во 2017, но цехот од тогаш ќе го платиш за два месеци. Биди трпелив.
-2016 те убедливо те поразив на парламентарни
-2019 во првиот круг доживеа нокаут, додека во вториот круг со масовен поткуп беше нерешено на претседстелските избори
-2020 доживеа дебакл во Бутел на парламентарните избори !
За каков губитник зборуваш, имаш ли основни познавања од математика или тој предмет ти оди само кога е во прашање криминал ама за тоа малку понатак…, вели тој.

Костовски го повика Смилевски да не се крие зад тастатура.

И немој уште без осет да го лажеш народот, избери телевизија и водител да се објасниме како луѓе. Те чекам!
Помири се, ти си веќе историја за Бутел, вели Костовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.