Како што беше најавено вчера, жители на улицата Лука Геров од населбата Даме Груев денеска излегоа и ја блокираа улицата со почеток од 12:30 часот.

Како што велат тие, причината за овој протест е тоа што еден месец граѓаните од краците 1,3,5 и 7 се со раскопана улица и секојдневно се уништуваат возилата!

Ивичњаците се поставени 15 сантиметри над нивото на улицата. ПРИЈАВЕНО Е СЕКАДЕ! Општина Ѓорче Петров, град Скопје и ЈП Улици и патишта! Од таму добиваме само лаги и навреди! Возилата зафаќаат, а некои што се прениски не ги ни внесуваат дома. Над 150 куќи со отсечен пристап, велат жителите од Даме Груев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.