Жителите на Кисела Вода со соопштение до медиумите реагираат на опасностите од Центарот за зависности. Ви го пренесуваме обраќањето во целост.
Почитувани Медиуми, почитувани колеги.
Ние жителите на Општина Кисела Вода, кои живееме веднаш до Центарот за зависности, ве повикуваме и во исто време ве известуваме дека дека во Недела 16-06-2019 год. во 19:00 часот ќе се собереме на МАСОВЕН ПРОТЕСТ со едно и единствено БАРАЊЕ од институциите на државата (БЕЗ ОГЛЕД ВО ЧИВА НАДЛЕЖНОСТ Е) да биде ВЕДНАШ дислоциран центарот за зависности од моменталната „времена“ (20 години) локација, на друга локација (за нас небитна).
Досега бевме котектни и конструктивни со сите чинители инволвирани во проблемов, кој ни го предизвикуваат ЗАВИСНИЦИТЕ од ДРОГИ и ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИ, укажувавме на проблемите дека недолично се однесуваат, пријавуваме кога ни правеа штета во домовите и кога не пљачкаа, пријавувавме и кога некое дете ќе се боцне на искористена игла (дадена од невладината организација ХОПС, која иако се нафати да го собира медицинскиот одпад позади наркоманите, истото не го прави).
Минатата година кога и покрај нашата кооперативност за возврат добивме да низ цела населба има ИГЛИ И ШПРИЦЕВИ и да се повредуваат се повеќе деца излеговме на протест на кој повторно човечки и со разбирање го побаравме истото да се дислоцира центарот, од страна на МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО Г-дин Венко Филипче и градоначалникот на Општина Кисела Вода г-дин Филип Темелковски, написмено ни беше ветено дека центарот ќе биде дислоциран до 5 Мај 2019 година, што не се случи, а воедно и по изјавата на Градоначалникот на општина Гази Баба дека наводно ги прифатил барањата на неговите граѓани од Гази Баба, центарот да не се дислоцира во НЕНАСЕЛЕН ПРОСТОР НА ОПШТИНАТА, наркоманите си земаа за сила и почнаа повторно да се соблекуваат голи пред нашите деца и жени и да се дрогираат, а чашата ја прели повредувањето на ќерката на еден од нашите соседи.
Ве повикуваме да го проследите НАШИОВ НАСТАН бидејки нема да биде ниту најмалку како досегашниве протести на кои сме навикнати, Нема да е предупредувачки протест туку РАДИКАЛЕН. Од недела па натака ЦЕНТАРОТ НЕМА ДА РАБОТИ. Повеќе нема да дозволиме да не манипулираат и ЛАЖАТ, а нашите деца да страдаат заради негрижата на институциите.
АКО ИМААТ СИТЕ НЕКАКВИ ПРАВА, ТОГАШ И НИЕ ИМАМЕ ПРАВО НА МИРЕН И БЕЗБЕДЕН ЖИВОТ ВО НАШАТА ОПШТИНА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.