На денешната прес конференција кај ОУ „Јоаким Крчоски“ во населбата Волково, премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски беа јавно критикувани од една повозрасна жителка на Волково. Таа ги обвини Заев и Наумовски дека ниту едно ветување го немаат исполнето и оти газат по калови.

Каде е проширувањето на улиците, на тротоарите, каде се градинките. Ништо нема. Во Горно маало немаме ништо. Сите само кажувате, а немате ништо исполнето. Од средсело накај Кучково, поминете господине градоначалниче и премиере, да видиме по каква улица одиме ние. Каде ни учат децата, по какви калови одиме“, рече таа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.