Тепачка избила попладнево на јавната расправа за ДУП-от за Трнодол што се одржува во општинска зграда во Карпош, објави Телма. Поради тепачката не се одржа најавената презентација за ДУП-от во Урбаната заедница “Кузман Јосифовски – Питу”.

Граѓаните се степале внатре во салата, а на снимателите и новинарите им било забрането да влезат во тие моменти. Веднаш потоа на лице место дошла полицијата, а толпата граѓани се разишле. Во салата предвидена со слободни 30 столчиња присутни биле повеќе од стотина луѓе, а атмосферата била тензична уште пред закажаниот термин во 15:30 часот.

Жителите на Тронодол обвинија дека се прави манипулација со ДУП-от и со предвидената густина на население во тој дел од градот, за да се отвори простор за нова населба на ридот. Од Општината тврдат дека тоа се лажни вести и нова населба нема да има.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.