Жителите на Маџари денеска излегоа на протест поради  против долгогодишната незаинтересираност на градските и општинските за власти за решавање на основните проблеми во нашата населба. Тие бараат да се затвори претоварната станица во Вардариште како и на сите пристапни патишта кои водат до депонијата.

Исто така се бара дислокација на т.н “Бувљак пазар”,бркање на граѓаните без документи,кои што секојдневно носат и палат ѓубре на депонијата (која што официјално е затворена),24 часовна контрола од страна на МВР на рампата во Маџари како и контрола на работењето на отпадите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.