Министерството за внатрешни работи го објави планот за движење за на 07.05. во Скопје, денот кога папата Франциско ќе ја посети земјава и ќе одржи миса во главниот град. Оттаму наведуваат дека во централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот “Голем ринг”, во вторник на 07.05.2019 година, од 06 часот до 19 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот и истиот ќе биде пренасочен на сообраќајниците околу центарот во Скопје, со цел непречено одвивање на истиот.

Поточно, во овој временски период ќе се формира “Рестриктивна зона” на движење, во која за автомобили целосно ќе бидат затворени следните сообраќајници: Ул. ,,11ти Октомври” од крстосницата со бул. ,,Кочо Рацин” до крстосницата со ул. ,,Димитрие Чуповски”, ул. Даме Груев, ул. ,,Македонија”, ул. ,,Васил Главинов”, ул. ,,Филип 2ри Македонски”, ул. ,,Св. Климент Охридски”(адвокатска) и ул. ,,Иљо Војвода”. Министерството за внатрешни работи го задржува правото за стационирање (стопирање) на сообраќајот во кратки временски интервали и на други сообраќајници, во времето на движење на Папата Франциск низ Скопје, информираат оттаму.

Од МВР додаваат и дека граѓаните коишто живеат во централното градско подрачје, во зоната Голем ринг, доколку сакаат да ги користат своите возила на ден 07.05.2019 (вторник), апелираат истите да ги извадат надвор од Рестриктивната зона на 06.05.2019 година (понеделник), во спротивно истите нема да можат да ги извадат од зоната за време на посебниот сообраќаен режим од 06:00 до 19:00 часот на 07.05.2019.

Комплетните правила за движњењ кои ги објави МВР за 07.05. може да ги погледнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.