За денеска жителите на Ѓорче Петров најавуваат и протест против загадувањето во населбата и истиот ќе се одржи точно напладне.

-ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ !

УТРЕ, НЕДЕЛА, 15-ТИ ДЕКЕМВРИ, 12 ЧАСОТ.
БЛОКАДА НА РАСКРСНИЦА НА УЛ. ЛУКА ГЕРОВ ЛАК СЕМАФОРИТЕ (КАЈ МЕСНАТА ЗАЕДНИЦА)
НАСЕЛБА ДАМЕ ГРУЕВ

Правила на протестот:
1. Според Законот за јавни собири за време на протестот не смее да се консумираат опијати.
2. ЗАБРАНЕТО е користење на говор на омраза, националистички и партиски реторики и симболи

Дојди заедно да кажеме НЕ на загадувањеро на воздухот и негрижата на институциите за животната средина ! Да кажеме НЕ на 3500 смртни случаи годишно директно поврзани со аерозагадувањето !

#зеленареволуција, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.