Не стивнува револтот кај жителите на Бардовци за градењето нов објект „Прифатен центар за странци“ на периферијата на населбата.

Случајно дознавме за новиот објект кој се гради, никој не не извести. Локалната власт прво негираше дека нешто се гради, па откако ги испративме фотографиите градоначалникот, Стефан Богоев, не убедуваше дека тоа ќе биде транзитен центар – сведочат за „Алфа“ граѓани кои живеат во непосредна близина, .

Локалните жители се закануваат со блокирање на патот до Центарот, доколку градењето продолжи.

Капацитетот, според наши информации, жители кои работат во ЕУ, таму тој ќе биде камп за 2-3 илјади луѓе кои ќе се стационираат. Е, сега дали ќе биде транзитен или дали тука ќе бидат подолго време тоа не знаеме. Едноставно меѓу нас кои живееме тука, а има и тензија помеѓу староседелците тие воопшто не се информирани. Кај нив тензијата е уште поголема. Ние секојдневно одиме таму, работата и стопирана се работело 5-6 дена, и кога се слушна, кога почнавме да одиме малку е стопирана. Кога ќе почне, ќе се организираат жителите и на селото и населбата Бардовци и ќе се блокира патот – вели за „Алфа“ жител на населба Бардовци.

И експертите имаат забелешки за нетранспарентноста на институциите за градењето на новиот објект „Центар за странци“. Според експертот за миграции, Златко Николоски, револтот кај граѓаните е резултат од ненавремено известување на жители од локалната власт и МВР.

Револтот што што се појавува кај граѓаните е оправдан. Причината за револтот јас ја гледам кај информирањето и нетранспарентноста, ненавременото информирање на интитуциите. Значи на тие граѓани, на било кои, каде и да се гради што и да се прави, треба навремено да се информира за што се работи. Жителите се пожалија баш на тоа. Апсолутно, јас тоа го гледам ако им се објасни на луѓето, за каков вид на прифатен центар се работи, начинот на организација, пристапните процедури и слично мислам дека нема да има проблеми. Не знам зошто за вакви прашања, еве поврзани со Прифатниот центар ненавремено се споделуваат од институциите – вели Николоски.

И жителите и експертите гледаат простор овој објект да биде сместен на друга локација.

Тоа нас не не интересира, парите се исплатени, тоа може да се направи на друго место, нас никој не не известил. Тоа може да се направи на друго место, каде е повеќе транзитно, покрај обиколница, условите се исти и тука нема струја помеѓу нивите на Бардовчани – вели за „Алфа“ жител на населбата Бардовци.

Професорот Николоски веи дека при изградбата на вакви центри треба да се земе предвид искуството на поразвиените земји.

Пред да се отворат и првите центри, и во Визбегово па и во Гази Баба, па и за овој проект за кој што зборуваме, стручни служби беа да посетат држави коишто имаат такви видови објекти и менаџирање на тие објекти, така што во Унгарија, во Германија посетени се голем број на прифатни и транзитни центри. Тука е разликата. И во Германија имате голем број прифатни и транзитни – вели Николоски.

Наспроти тврдењата на жителите, според официјалните информации на МВР кои ги побарала „Алфа“, новиот објект што се гради е ист како центарот во Гази Баба, со ист капацитет и како што велат од министерството, е на одалеченост од над 10 километри до населеното место Бардовци.

Изградбата на новиот објект ќе чини речиси 1,5 милиони евра, финансии обезбедени од националната ИПА програма за 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.