Според најавите на директорот Ѓорѓи Галетановски пролетва во Зоолошката градина треба да пристигнат нови жители и тоа зебри и фламинга, а на есен пингвини, за кои живеалиштата веќе се подготвуваат.

Граѓаните кои и покрај предупредувањата, на животните им даваат висококалорична храна, но фрлаат и отпадоци што можат да го загрозат животот на животните. Нашите животни се хранат со здрава храна, редовно и по нормативи. Секој жител на Зоолошката има свое мени, а исхраната е составена само од висококвалитетна храна богата со витамини, минерали, протеини, велат Зоолошката градина.

Тие додаваат дека храната што ја фрлаат посетителите штетно влијае на здравјето на овие животни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.