Скопската компанија „МСА Компани“ на КПУ. „Скопје“ му донираше фитнес опрема и реквизити за рекреација на отворен простор.

Ова е уште еден чекор во насока на подобрување на условите на осудените лица и нивно поактивно учество во спортски активности и исполнување на нивното слободно време со корисни содржини, како облик на третман на кои се посветува подеднакво внимание како и на останатите облици на третман на осудените лица за нивна успешна ресоцијализација и социјална адаптација. За брзо време ќе отпочнеме и со курсеви за компјутерски вештини за осудените лица. За почеток со основни компјутерски вештини, а потоа во зависност од интересот и напредни. Во КПУ затвор „Скопје“, комплетно се реновирани и просториите за посета на адвокати, во соработка со Адвокатска комора на Македонија – изјави Ѓоко Котевски, директор затворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.