Државниот пазарен инспекторат заедно со Управата за јавни приходи за само 45 минути го затвориле пазарот во Шуто Оризари. Оттаму велат дека ќе бидат затворени сите оние пазари каде се забележува собирање на поголема маса на луѓе.

На жителите им било кажано дека пазарот ќе остане затворен додека не помине опасноста од ширење на коронавирусот. Тие велат дека по затворањето на пазарот многу семејства од оваа скопска населба ќе бидат погодени. Бараат и помош за да можат да ја пребродат кризата.

Пазарот во Шутка не е единствен кој доби клуч на вратата. Во изминатите денови затворен беше пазарот во Гостивар, а се затвораат и во Делчево и Кавадарци. Не е исклучена можноста поради спречување на ширењето на коронавирусот да бидат затворени останатите отворени пазари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.