Прво со вас, моите ѓорчепетровци, а потоа и на средба со вработените во Ѓорче Петров. Заедничка цел е да имаме најдобра општина во Македонија, порача на првиот ден како градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Со работа, заедно со нив, почнуваме веднаш – нема повеќе чекање за решавање на проблемите! На административците јасно им укажав дека од нив ќе барам брзо и ефективно работење, бидејќи вие тоа го барате од нас. Сакам задоволни граѓани, а тоа ќе биде заедничка цел, моја и на вработените! Но и задоволни вработени, бидејќи тоа е клучот на успехот, вели Стојкоски.

Советот на Ѓорче Петров во најскоро време ќе започне со работа, за вас, граѓаните, порача тој по средбата со новите собетници на општината.

На првиот работен ден се сретнав со советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Во ветувањата кон вас бевме реални, па за тоа да се реализира, треба да ги поставиме работите на правилна основа. Посочив и дека нема да има реваншизам или селекции кон вработените, како што тоа било случај во минатото. Не сум таков човек. Но, ќе барам одговорност и отчетност, тоа што и вие како граѓани го барате од нас, рече Стојкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.