Блокирани и репортирани профили, закани и закажувања на тестови со цел средношколците да се оневмозможат во својата намера овој петок да излезат на протест против загадувањето во Скопје.

Организаторите денеска информираат дека обидот да го кренат гласот против загадувањето најпрво преку социјалните мрежи е блокиран преку репортирање на профили кои служеле за искажување на револтот.

До нас стигнаа информации дека професорите ги искористуваат нивните надлежности и закажуваат тестови и испрашувања, па затоа оттука сакаме да им испратиме апел дека нема да не запрат во личното човечко право да се бориме за нашето здравје, бидејќи секој од вас го дише истиот “воздух” како и ние!“, велат од Средношколски глас.

Додаваат дека во петок ќе ја блокираат целосната училишна настава и ќе излезат за да се спротивстават на секое лошо, односно овој пат на загадувањето на воздухот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.