Покрај пандемијата предизвикана од КОВИД-19 вирусот, граѓаните и оваа зима ќе се соочат со енормно загадениот воздух, говори фактот што веќе неколку денови воздухот е загаден и се шири лоша миризба, за која граѓаните реагираат и споделуваат видеа на социјалните мрежи. Изминатата година во зимниот период, граѓаните се соочија со енормно загадување, иако властите велеа дека се работи на проблемот и загадувањето ќе се намали. Загадувањето не само што не се намали, туку се повторува и оваа година, а за жал годинава ќе се соочиме со загадениот воздух, кој поради својот состав придонесува за ширење на корона вирусот, велат експертите.

Иако изминатите неколку години се протестираше пред надлежните институции, сепак властите не изнајдоа начин да се сопре загадувањето и во Скопје, но и во другите градови каде што мерните станици мереа секојдневно енормно загадување, кое дури и беше видливо со голо око. На протестите кои тогаш се организираа, се посочуваа директните виновници за загадувањето во одредени општини, но и покрај допрениот глас, надлежните не реагираа и не ги санкционираа загадувачите. Оттука следи прашањето, дали некој свесно повторно дозволува граѓаните да се трујат и да дишат загаден воздух, кој е еднакво опасен како и корона вирусот кој секојдневно за жал одзема животи.

Граѓаните велат дека иако сеуште не сме длабоко навлезени во зимата и сеуште голем дел од граѓаните не започнале со грејната сезона, сепак уште отсега се претпоставува дека следи тешка зима која ќе придонесе за нови проблеми со воздухот, а за жал ќе претставува потешкотија и поради борбата со КОВИД-19 пандемијата, која во Македонија досега за жал одзеде над 900 животи, а на дневна основа се констатираат досега и до 900 новозаболени. Граѓаните велат дека властите мора да реагираат и да ги пронајдат жариштата на загадувањето и против истите загадувачи да се поднесат соодветни пријави, со цел да се престане со согорувањето на гуми и разни материјали, кои придонесуваат за лошата миризба во вечерните часови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.