По повод 58-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, цвеќе пред Споменикот на жртвите од скопскиот земјотрес на Градските гробишта Бутел денеска положија делегации на државниот врв – од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски и владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, во која беа првиот вицепремиер Артан Груби и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Во чест на загинатите, венец положи и делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот Петре Шилегов, како и делегација на Советот на Град Скопје во која беа советниците Бранко Георгиевски, Ирена Попова и Бојан Ивановиќ.

Почит на жртвите во земјотресот во Скопје оддадоа и делегации на политичките партии, општините во Скопје, претставници од Црвениот крст на град Скопје, од јавните претпријатија и културните установи на главниот град, од државни институции, здруженија, странски делегации во нашава земја и граѓани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.