ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше активности за рачно и машинско миење на поголемите исламски верски објекти на територијата на градот Скопје. Со употреба на три автоцистерни и едно специјално комунално возило-ВАП, беше извршено миење на дворовите и непосредната околина на џамиите на Мурат Паша и Мустафа Паша во Старата скопска чаршија, Јахја паша во Чаир, џамијата Иса Бег на Бит Пазар, џамијата Дуќанџик, џамијата Хусеин Шах во Сарај и др.

Во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје и оваа година спроведоа засилени активности за чистење на исламските верски објекти. Ја користам оваа прилика на сите муслимански верници да им го честитам претстојниот празник со надеж дека сите заедно преку одговорно и внимателно однесување ќе придонесеме за одржување на хигиената и чистотата во нашите верски објекти и на тој начин ќе го заштитиме сопственото здравје и здравјето на нашите семејства, изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.