Градот Скопје е блокиран и непроооден при првиот снег. За што троши Шилегов по 1 милион евра кога Скопје е непроодно при првиот снег.

Неспособноста на Шилегов се покажа при првиот снег.

Само за лани и пред две години потрошени се еден милион евра за наводно чистење на снег кој не падна, а сега Скопје е блокирано.

64.900.000,00 денари или над 1 милион евра е договорот кој Петре Шилегов го склучи со фирмата „Аполо Инженеринг“ за изнајмување на возила за чистење на снег на улици во Скопје во периодот од 15-ти ноември до 15-ти март за 2019-2020 година.

Шилегов освен неосновната ароганција и заразна неспособност не покажува никакви други резултати.

Во нормална држава Шилегов кривично ќе одговара за потрошените пари чии резултат е еднаков на нула. Снегот ги покри дивите депонии во Скопје но не и неспособноста на Шилегов, стои во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.