Ноќна патрола за мирно лето во Општина Аеродром!
Вчеравечер, заедно со претседателот на советот на општината Дејан Митески, претставници од советот на родители во основните училишта и командирот на ПС Аеродром Тони Петровски извршивме ноќна патрола на неколку локации во нашата општина, напиша на Фејсбук, градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.
Во рамките на оваа патрола посетивме неколку паркови, училишта, градинки, игралишта и други места каде вообичаено се собираат граѓаните во ноќните часови, со цел да се лоцираат и превенираат евентуални нарушувања на јавниот ред и мир.
Со лицата кои беа затекнати на разни локации во пријатен и пријателски разговор зборувавме за законските правила и прописи кои се однесуваат на зачувувањето на јавните површини и јавниот ред и мир, како и потребата од наш заеднички активен ангажман за одржување на чистотата и мирот во општината. Ја истакнавме нашата заложба за чување и одржување на урбаната опрема и јавниот простор, како и за засилениот ангажман на МВР за подобрување на безбедноста на граѓаните.
Аеродром е познат по единството, по маалската дружба во парковите и токму затоа како општина ќе работиме сето тоа да одржиме и насочиме во корист на промовирање на свеста за чување на она што е заедничко и во кое ќе уживаме и ние, но и идните генерации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.