За само еден ден од објавувањето на јавните повици за доделување субвенции за набавка на велосипеди и електрични тротинети во Град Скопје се поднесени 696 барања од граѓаните за субвенции за купен велосипед и 91 барање за субвенции за купен тротинет, информираат градските власти.

Годинава новитет е тоа што граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од 1 јануари 2020.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, и 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Повиците ќе бидат отворени до 30 ноември годинава или до реализирање на средствата, а ќе се спроведуваат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за купување на велосипед, а истото важи и за субвенција за електричен тротинет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.