Потпретседател на Европска Инвестициона банка Лилјана Павлова денеска беше јасна и ги демантираше обвинувањата од страна наградоначалничка Данела Арсовска дека поранешниот директор на ЈП Водовод и канализации Златко Перински  влијаел на тендерската документација за изградба на пречистителната станица.
Имено одговарајќи на новинарско прашање кој е нејзиниот став бидејќи поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација Скопје беше обвинет дека не го водел процесот за изградба на пречистителната станица како што треба и поради тоа бил разрешен од градоначалничката на Град Скопје Арсовска, потпретседателката на ЕИБ Павлова рече дека проектот е кристално чист и без никакви проблеми, укажувајќи дека Европската Инвестициона Банка не утврдила никакви отстапки од она што е воспоставено како правила и процедури од нивна страна.
Она што можам да го кажам од оваа перспектива знаете дека Европската Инвестициона банка е главен финансиер и ние имаме и мораме да следиме посебни правила и процедури кои што се веќе воспоставени, вршиме надзор на процесот на набавка, да ги вршиме сите потребни и вонредни проверки и контроли и она што можам да го кажам е дека процесот на набавка беше успешно завршен и немаше отстапки и имаме зелено светло за потпишување на договорите за изградба и надзор од страна на Водовод и канализација. И во оваа фаза можам да кажам дека немаме проблеми и навистина со нетрпение ги очекувам роковите и датумите кога ќе се потпишат договорите и успешно да започнеме со имплементацијата, изјави Павлова, потпретседателка на ЕИБ.
ЕИБ и Европска банка за обнова и развој кои што се главните финансиери на овој голем проект уште тогаш преку соопштение ја демантираа Арсовска дека од самиот почеток на проктот се почитуваат условите и преземаните обврски за исплата на средствата и немаат никакви забелешки како се води целиот процес од страна на Златко Перински, тогашен директор на ЈП Водовод и канализација Скопје


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.